Windmill.Shop
ОНЛАЈН ОБУКА
ОД ХОБИ ДО ОНЛАЈН БИЗНИС
АКО НЕ СЕГА, КОГА?
КАКВА ОБУКА
Е ОБУКАТА
ОД ХОБИ ДО ОНЛАЈН БИЗНИС
ОД ХОБИ ДО ОНЛАЈН БИЗНИС е интерактивна онлајн тренинг програма која те учи како да изградиш одржлив бизнис модел кој ќе ти овозможи континуирани приходи и целосна финансиска слобода.
Можеш ли да замислиш дека ова е можно, сега и овде!
Ако можеш, оваа обука е за ТЕБЕ!
Обуката е дизајнирана на тој начин што ќе ти даде неопходно теоретско знаење за суштински да ги разбереш основните бизнис процеси: поставување на бизнис модел, бизнис планирање, финсиско и стратешко планирање, дигитален маркетинг за онлајн бизниси и сл.
Но она што е најважно, ќе ти даде и практични знаења кои можеш веднаш, без одложување да ги примениш во твојата работа и да ја започнеш твојата успешна бизнис приказна.
Без разлика дали твојот бренд е само идеја или веќе имаш бизнис во рана фаза, оваа обука те предизвикува да ја постигнеш својата извонредност и да ги освоиш највисоките нивоа на твоето лично и професионално делување.
Оваа програма ти дава силна поддршка и мотивација да ги движиш твоите соништа кон највисоките успеси и највозвишените цели.
Време е да ги рашириш крилјата и да леташ високо!
Јасно дефинирај ги твоите цели, зајакни ги твоите вештини,
зголеми ја продажбата, максимизирај го профитот,
изгради автентичен бренд.
ДАЛИ
ОВАА ОБУКА
Е ЗА ТЕБЕ
-
Ако конечно си собрала храброст да направиш чекор напред, да го градиш својот професионален живот на свој начин, без шефови, надредени, без работни задачи кои ти се здодевни, ако чувствуваш дека можеш многу повеќе, тогаш оваа обука е за тебе.
-
Ако си проактивно ориентирана и амбициозна, имаш свои производи, услуги кои сакаш да ги поделиш со светот оваа обука е за тебе.
-
Ако си сопственик на бизнис во основање или бизнис во својата рана фаза и се обидуваш да дојдеш до твоите идеални купувачи, да остваруваш континуирана продажба и да живееш од тоа што најмногу сакаш да го работиш, тогаш оваа обука е за тебе.
-
Ако чувствуваш дека ти е потребна поддршка, менторство, консултации, мотивација и инспирација, оваа обука е за тебе.
Време е да го трансформираш твоето хоби во твој бизнис!
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА!
ШТО ЌЕ НУЧИШ НА ОБУКАТА
ОД ХОБИ ДО БИЗНИС?
-
Креирање содржини за оналјн платформи (Content marketing) преку веб и блог формати, објави на социјални мрежи, структура на мејл маркетинг, фотографии, видеа, каталози, презентации, инфографикони и сл.
-
Алатки и апликации за креирање содржини (текстови, фотографии , видеа, каталози, инфографикони, презентации и сл.)
-
Менаџирање на социјални мрежи (календар на објави, автоматизација, поставување на рекламни кампањи, аналитика и мерење на резултати)
-
Менаџирање на веб-страница и онлајн продавница (SEO оптимизација)
-
Мејл маркетинг (мејл секвенци, автматизација на мејл пораки, аналитика и мерење на резултати)
-
Се што треба да знаеш за онлајн продажба.
-
Прецизна анатомија на Брендот (визуелен идентитет, Бренд стратегија за позиционирање, глас на Брендот, автентичност и мисија на Брендот)
-
Профилирање на клиенти, сегментирање на публика, истражување на квалитет и квантитет на пазарен потенцијал.
-
Бизнис планирање, ценовни стратегии, планирање на финанасии, инвестиции, трошоци и сл.
-
Формално структурирање на бизнисот, правни регулативи, обврски, авторски права и сл.
-
Градење на одржлива бизнис стратегија, шестмесечен и годишен бизнис план, маркетинг и продажен план, методологија на бизнис процеси и поставување на акциски чекори.
ОВАА ОБУКА НЕ Е
ЗА ТЕБЕ
АКО
-
Сметаш дека немаш време за себе и твоите интереси
-
На Обуката гледаш како на трошок, а не како на инвестиција во себе, твоите способности, вештини и знаења
-
Ти се чини многу комплексно, а ти немаш трпение да научиш нови работи
-
Не веруваш дека можеш да заработуваш од твоето хоби и од твојот бизнис
-
Не веруваш дека токму ти можеш да водиш успешен бизнис
Обуката се реализира преку 10 видео модули кои се составени од видео лекции, работни листови и прирачници.
Видео лекциите се снимени (не се во живо) и се достапни за учесникот на обуката 24/7 на електронска платфрома на која се пристапува со корисничко име и лозинка. Учесникот може да пристапи до обуката неограничен број пати, во денови и термини кога нему му одговараат, без да ги наруши планираните секојдневни обврски.
Преку видео лекциите, работните листови и прирачниците, учесникот целосно се запознава со темите, ги усвојува потребните знаења и работи вежби кои му помагаат да ги примени знаењата на својот случај и да стекне индивидуално искуство.
Учесникот добива континуирана менторска и коучинг поддршка преку која целосно и прецизно се поставува бизнис планот и се следат резултатите.
Секој учесник добива СЕРТИФИКАТ за успешно завршена обука за бизнис планирање.
КАКО СЕ РЕАЛИЗИРА ОБУКАТА?
ЗОШТО ДА УЧИШ ОД МЕНЕ?
Јас сум Марија Манева, повеќе од 20 години активно истражувам и работам во полето на медиумската продукција, дигиталниот маркетинг и визуелниот дизајн. Автор сум на повеќе прирачници од областа на дигитален маркетинг, претприемништвото и стратешките комуникации.
Сертифицирана за претприемништво и развој на бизнис вештини, дигитален маркетинг, коучинг на мали бизниси, NLP Practitioner, тренер за меки вештини, графички дизајн - Adobe Visual Specialist.
Како советник соработувам со компании од различни индустрии и работам менторски и коучинг програми за развој на старт ап бизниси, микро и мали претпријатија.
Во својата професионална кариера сум работела на повеќе менаџерски позиции во образовни институции, финансиски сектор и медиуми.
Имам одржано повеќе од 100 обуки и работилници во земјава и регионот.
Основач сум и сопственик на компанијата за дигитален маркетинг и визуелен дизајн Market Design Academy - https://www.marketdesignacademy.com/
Сертифицирани обуки за бизнис планирање и дигитален маркетинг одржувам од 2018 година.
УШТЕ ЕДНАШ ДА РЕЗИМИРАМЕ
ШТО ДОБИВАШ?
-
Видео материјал кој можете да го гледате во секое време од било кој уред, без разлика на местото каде се наоѓате.
-
Презентации, работни листови, прирачници и практични водичи.
-
Континуирана менторска и коучинг поддршка.
-
Сертификат со кој се потврдува успешното завршување на обуката.
-
Многу мотивација, инспирација, поддршка, знаење, вештини, искуство и сл.
ДОБИЈ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНАТА И ПОЧЕТОКОТ НА ПРОГРАМАТА
ПИШИ МИ НА: marija@marketdesignacademy.com
или КЛИКНИ ОВДЕ!