top of page

АКО НЕ СЕГА, КОГА?

епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола

ПОЛИМЕРНА ГЛИНА

И ЕПОКСИДНА СМОЛА

ОНЛАЈН

ОБУКА

ЗА

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

ОНЛАЈН ОБУКА ЗА
ПОЛИМЕРНА ГЛИНА
И ЕПОКСИДНА СМОЛА

епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола

Онлајн обуката за полимерна глина и епоксидна смола ќе ти помогне да ги научиш сите „мали тајни“ за работа со епоксидна смола и полимерна глина и да ги совладаш неопходните техники и вештини за да можеш самостојно да изработуваш различни креативни производи од полимерната глина и епоксидната смола.

Без разлика дали сакаш да изработуваш мали формати како накит на пример или пак поголеми формати како декоративни предмети, украси, маси, плочки и сл.  оваа обука во целост ќе ти ја пренесе технологијата за работа со епоксидна смола и полимерна глина.

епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола
епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола

ОНЛАЈН ОБУКАTA СЕ
РЕАЛИЗИРА ВО 3 ФАЗИ

Онлајн обуката за полимерна глина и епоксидна смола е резултат на долгогодишното искуство во спроведување на обуки во земјата и регионот и обучени повеќе од 300 учесници.

2.Учење, практична работа, континуирана поддршка

По добивањето на пакетот со потребни материјали добиваш пристап до видео содржини низ кои преку практични примери, чекор по чекор, ќе научиш:

1.Пријава за учество

Откако ќе се пријавиш за учество на обуката, добиваш пакет со потребни материјали кои се неопходни за работа и усовршување на техниките.

Пакетот содржи: епоксидна смола 90 мл, едно пакување полимерна глина (56 гр.), механизми и конектори, силиконски калап, специјална дизајнирана хартија, боја за смола, магнет,  ракавици, шпатула, сад за мешање, шмиргла, лепак.  Со добиениот сет од материјали можат да се изработат најмалку 10 парчиња производи со мал формат (накит, магнети, привезоци и сл.

  • Што е епоксидна смола (течно стакло), кои се нејзините својства, како се користи и за што сѐ може да се употреби?

  • Како да се направат предмети од полимерна глина?

  • Како се комбинира полимерната глина со епоксидната смола?

  • Видови на калапи и нивна употреба

  • Техники на излевање

  • Вградување на фотографии, предмети, природни цветови и други елементи.

  • Боење на епоксидната смола

  • Сушење и полирање

  • Користење на алати

  • Завршни техники

3.Сертифицирање

По завршување на периодот од два месеци учесникот добива сертификат за успешно завршена обука.

Обуката  за полимерна глина и епоксидна смола е онлајн, се следи на електронска платформа каде се поставени сите видеа и едукативни материјали (14 видео лекции). Учесникот добива корисничко име и лозинка и пристапува до обуката во време и период кога му одговара. Обуката е достапна 24/7 во период од два месеци и учесникот може да пристапи до обуката во било кое време и од било каков уред (десктоп, лаптоп, таблет, мобилен).  Обуката се следи индивидулано и учесникот може да поставува неограничен број на прашања. За целото времетраење на обуката и по нејзиното завршување има постојана менторска подршка и можности за консултација.

 

.

About

ЗОШТО ОНЛАЈН ОБУКА ЗА
ЕПОКСИДНА СМОЛА И ПОЛИМЕРНА ГЛИНА?

епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола
епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола

Долгогодишното искуство во реализација на обуки покажува дека за усвојување на вештините за работа со полимерна глина и епоксидна смола најдобар модел на учење се токму онлајн обуките.

Нивото на стекнато и применето знаење е неспоредливо поголемо кога техниките се усвојуваат постепено, чекор по чекор, со континуирана менторска поддршка, наспроти неколкучасовна, еднодневна или дводневна интензивна обука каде за многу краток период се добива огромна количина на информации кои потоа самостојно без потребното менторство не можат да се применат на ефикасен начин.

За разлика од интензивните обуки каде во период од најчесто 5 до 8 часа се споделува огромна количина на информации, се губи концентрацијата и голем дел значајни информации остануваат незабележани, се забораваат или остануваат нејасни, онлајн Обуката за полимерна глина и епоксидна смола ви овозможува да се враќате на истата тема по неколку пати, односно толку колку што е потребно до нејзино целосно усовршување.

 

Искуството покажува дека за време на групните интензивни обуки голем дел од учесниците не се охрабруваат да постават прашања или пак прашања им се јавуваат по завршување на обуката кога повеќе немаат простор за консултација. Онлајн Обуката за полимерна глина и епоксидна смола ќе го овоможи токму спротивното, ќе ги поттикнува сите ваши прашања и ќе имате сосема доволен период за да добиете конкретни одговори на сите ваши прашања кои ќе се јават во текот на практичното тестирате и примена на стекнатите знаења.

ОВАА ОБУКА
 Е ЗА ТЕБЕ АКО:

  • Сметаш дека немаш време за себе и своите интереси

  • На ова гледаш како на трошок, а не како на инвестиција во себе, своите вештини и знаења

  • Ти се чини многу комплексно, а ти немаш трпение за да научиш нови работи

ОВАА ОБУКА
НЕ Е ЗА ТЕБЕ АКО:

  • Отсекогаш си сакала да имаш интересно хоби

  • Сакаш да работиш на себе и да учиш нови вештини, а сепак да биде од дома и во време кое тебе најмногу ти одговара

  • Бараш нов креативен начин за да си обезбедиш дополнителен приход

епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола

ЗОШТО ДА УЧИШ ОД МЕНЕ?

Јас сум Марија Манева, повеќе од 20 години активно истражувам и работам во полето на медиумската продукција, дигиталниот маркетинг и визуелниот дизајн. Автор сум на повеќе прирачници од областа на дигитален маркетинг, претприемништвото и стратешките комуникации.

 

Сертифицирана за  претприемништво и развој на бизнис вештини, дигитален маркетинг, коучинг на мали бизниси, NLP Practitioner, тренер за меки вештини, графички дизајн - Adobe Visual Specialist.

 

Како советник соработувам со компании од различни индустрии и работам менторски и коучинг програми за развој на старт ап бизниси, микро и мали претпријатија.

Во својата професионална кариера сум работела на повеќе менаџерски позиции во образовни институции, финансиски сектор и медиуми.

Имам одржано повеќе од 100 обуки и работилници во земјава и регионот.

Основач сум  и сопственик на компанијата за дигитален маркетинг и визуелен дизајн Market Design Academy  - https://www.marketdesignacademy.com/

Сертифицирани обуки за епоксидна смола и полимерна глина одржувам од 2012 година. 

епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола

УШТЕ ЕДНАШ ДА РЕЗИМИРАМЕ

ШТО ДОБИВАШ?

Marija Maneva Марија Манева
епоксидна смола epoksidna smola obuka za epoksidna smola обука за епоксидна смола
  • Сет со материјали за работа, за да го видите што содржи сетот кликнете ОВДЕ.

  •  

  • Видео материјал кој можете да го гледате во секое време од било кој уред, без разлика на местото каде се наоѓате.

  • Континуирана менторска поддршка во времетраење од два месеци.

  • Сертификат со кој се потврдува успешното завршување на обуката.

  • Членство во затворена Facebook група со учесници кои ја поминале обуката имаат искуства во работата и со кои ќе ги споделувате заедничките искуства и предизвици.

ЦЕНАТА НА ОБУКАТА + МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА РАБОТА ИЗНЕСУВА 2600 МКД.

(доставата на материјалите е бесплатна)

ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИШ НА ОБУКАТА, ПИШИ МИ НА:  marija@marketdesignacademy.com

или КЛИКНИ ОВДЕ!

ОБУКАТА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО СОРАБОТКА СО 
 WWW.MARKETDESIGNACADEMY.COM

bottom of page